Хајката продолжува? Обвинителот Рустеми бара ефективна казна затвор за Јанакисеки
Обвинителот Бурим Рустеми побара ефективни казни затвор за обвинетите во случајот „Топлик“, меѓу кои е и екс министерот Миле Јанакиески.
Овој предмет беше отворен од поранешното СЈО, а се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.
-Предлагам судот обвинетите да ги огласи за виновни и казни според законот при што да ги цени сите околности од чл. 39 од КЗ. Па, како отежнителни околности да го цени степенот на кривичната одговорност, јачината на загрозувањето и повредата на заштитеното добро како и последицата од делото, околностите под кои е сторено делото, степенот на кривичната одговорност, фактот дека истите континуирано се обидуваат во целост да ја избегнат кривичната одговорност, а со тоа и да се соочат со последиците од делото кое го сториле, истакна обвинителот Рустеми.
Тој додаде дека судот треба да го има во предвид и тоа што обвинетите не изразиле каење.
-Воопшто не изразија каење или жалење за стореното дело и сметам дека во конкретниот случај единствено оправдано е изрекување на ефективни казни затвор, истакна Рустеми.
Обвинителот истакна дека денеска, со сигурност може да тврди дека во целост се потврдила теоријата на случајот од воведните зборови.
-Тврдам со сигурност дека се потврди разговорот од телефонската комуникација помеѓу обвинетиот Миле Јанакиевски и тогашниот претседател на владата Никола Груевски од 21.07.2011 година, кој се однесува на инвестицијата Сончев Град, во кој разговор обвинетиот Миле му реферира со следните зборови:
„Начелно сме договорени ако тие се јават како идни инвеститори во договорот, ќе се откажат од каматата (ова се однесува на израелската фирма ТДГТУ ФХИБЦ СУН СИТИ ДОО Скопје, која не успеала да го реализира договорот односно инвестицијата во населбата Сончев град)”… На прашање на Груевски дали усно се договориле, обвинетиот Миле му потврди дека договорот бил усмен, рече обвинителот.
Тој појасни дека и од изведените докази Обвинителството докажало дека обвинетите знаеле за штетноста на договорот.
-Од изведените докази во текот на постапката докажуваме дека обвинетиот Јанакиески знеал дека износот од еден милиони платен од Министерството за транспорт и врски во февруари 2013 година е штета предизвикана од неговите дејствија и дејствијата на обвинетите Томе Ѓурчилов, Димитар Димовски, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска како членови на Комисијата за јавно наддавање, а желбата да израелската фирма се откаже од каматата е само обид да се избегне штетата.
Но факт е дека ниту повторно израелската фирма ФХИБЦ СУН СИТИ се појавија како инвеститор, ниту пак таа се откажала од каматата од еден милиони евра, кој износ го добила поради вина на обвинетите затоа што не успеала да ја започне инвестицијата и го реализира договорот и тој износ претставува штета кон државата, појасни Рустеми.
Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Според обвинението, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
Од доказите, според обвинителството, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…
ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…
Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…
Во Битола приведена скопјанка барана со шест…
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…
Министерство за правда: Ќе се интензивира реконструкцијата…
Министерството за правда соопшти дека ќе се…