Објавено на:

Хајредини: Ако има филибастеринг во Собранието нема да може да се изгласа ниеден закон за кој е потребно двотретинско мнозинство

t

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини смета дека најавите за блокирање на работата на македонското Собрание, користејќи ја Филибастеринг методологијата, е легитимна и на македонската јавност многу добро познато искуство, потсетувајќи дека во минатато токму сегашниот собраниски спикер, е едн од пратениците на ДУИ кои успешно ја користеле оваа методологија.

Тој во „Дебатна емисија“ на телевизија Шења истакна дека, ДУИ кои се се противат и остро реагираат на најавите за користење на Филибастеринг, се наоѓаат во многу инетерсна ситуација, затоа што опозицијата ќе применува методи кои тие некогаш ги користеле.

„Филибастерин е искуство што многу добро го знаеме. Овие се во многу интересна ситуација. Сега опозицијата ќе применува методи кои што самата таа ги користела некогаш. Сега не очекуваат ситуации до сега непознати во македонскиот Парламент“, рече Хајредини.

Тој посочи дека ако продолжи нефункционирањето на Собранието, затоа што меѓу другото, ниеден закон за кој е потребно двотретинско мнозинство не можат да го изгласат.

„Тој е сигурен и тоа е точно, ако се прогласат предвремени парламентарни избори, поради евентуалното нефункционирање на Собранието, ВМРО според сите проценки ќе ги добие изборите. И не само што за добивање ќе ги добие, туку не се знае колку ќе загуби СДСМ и не само поради што се случи на локалните избори, туку поразот ќе биде уште подлабок, затоа што многу настани во Македонија за кои секојдневно сме сведоци одат на штета на СДСМ. А, за ова придонесува и однесувањето на ДУИ и фактот што тие се заложници“, истакна Хајредини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ