Хајредини го подбра Маричиќ: Ти и таквите како тебе сте виновни за корупцијата
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини остро ја коментира изјавата на Бојан Маричиќ дека “ние сме држава кандидат за членство во ЕУ и механизмите на ЕУ, извештаите на ЕУ, секогаш ни биле инструмент за подобрување”.
Хајредини на Фејсбук на Маричиќ му порачува:
Да ти биле секогаш инструмент за подобрување, како токму со тебе како министер за правда и за евроинтеграции, се случи земјата со корупција да дојде во катастрофална состојба, довербата на граѓаните во судството да падне на нула, низата скандали и превирања во Судскиот совет? Токму ти, и не само ти, сте виновни што парите на САД и механизмите со извештаите на ЕУ, не биле инструмент за подобрување, туку, напротив, за крајно влошување на состојбата. Освен тоа, виновни сте што не го прифаќате барањето на Али Амети да отворите истрага за него и за сите во ДУИ, како и ветинг над сите во целата држава. Виновни сте што дозволивте дури и премиерот да се чуди, зашто криминалот и корупцијата некој да ги гледа од Америка, а да не ги гледаат нашите надлежни органи од овде.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…
Европската Унија работи на паралелни реформи во…
Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ од Црна Гора: Време е за…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…
Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…
Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…