Хајрулахи: Републичкиот јавен обвинител врши невиден притисок врз мене, а неговата ќерка изнесувала информации од Обвинителството

Од страна на републичкиот јавен обвинител се врши притисок врз мене, истакна обвинителот Хајрулахи на денешната прес-конференција.
Свикав прес-конференција со цел да обзнанам дека од Републичкиот јавен обвинител вчера ми беше доставена одлука со која ме оддалечува од вршењето на функцијата виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителтво Скопје со образложение дека проив мене се води кривична истрага во ОЈО Штип. Истата таа кривична пријава е поднесена од републичкиот јавен обвинител, тенденцијата е мене да ме отстрани и да ме заплаши, а исто и останатите колеги кои постапуваат согласно законот, а со цел да се донесат нарачани одлуки.
Знаете и вие, сведоци сте, дека пред извесно време, на 19.09.2024 година дека републичкиот обвинител во својство на виш јавен обвинител ме викна и ми кажа дека во предметот за бонусите за СЈО треба да донесам одлука со којашто ќе се потврди првостепеното решение од ОЈО ГОКК и дека не треба да се даде својство на оштетен на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Јас реагирав и кажав дека како јавен обвинител не би се дрзнал да кажам каква одлука да се донесе. Имаше вонреден надзор над Вишото јаавно обвинителство, спорно е тоа што двајца од тројцата обвинители не би требало да учествуваат во надзорот од причина што едниот од нив беше мој прв заменик, исто и обвинителката Стефанова не смее да учествува во тој надзор бидејќи се вршеше надзор на предмети од поранешното СЈО.
Од страна на обвинителот на Република Македонија, Љупчо Коцевски, се врши невиден притисок врз мене. Ова се случува од причина што јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесувал од Јавното обвинителство на РМ, а се со цел да се оцрни мојата работа и работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, истакна Хајрулахи.