Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет нареди припадниците на Националната гарда, кои патролираат на улиците на Вашингтон, во рамките на борбата против криминалот, да носат огнено оружје.
Во моментот во главниот град на САД се распоредени околу 2.000 припадници на Националната гарда.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон, поради неговата интервенција, сега е побезбеден од кога било.
Трамп денеска најави дека Чикаго и Њујорк ќе бидат следните големи градови каде ќе се спроведува федерална акција против криминалот.
– Ќе ги направиме нашите градови многу, многу безбедни. Мислам дека Чикаго ќе биде нашиот следен, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк, истакна Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во…
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет…
Зеленски оди во Вашингтон – Се крчка…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на разговорите…
Градоначалничката на Вашингтон одговори на невидениот потег…
Градоначалничката Мјуриел Баузер реагираше на одлуката на…
Зеленски го повика Вашингтон да го зголеми…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика денеска…
Трамп побара од локалните власти во Вашингтон…
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот предупреди…