(Видео) ХЕЗБОЛАХ ПРВ ПАТ ГО НАПАДНА ИЗРАЕЛ СО НОВАТА РАКЕТА ФАДИ-3! Ракетата има дострел од 100 километри, целна база била за оружје на ИД со далечинско управување

t

Хезболах за прв пат ја искористи најновата ракета Фади-3 за да го нападне Израел.

Ова на Телеграм го објави исламистичка организација со седиште во Либан, која има поддршка од Иран и наведе дека дострелот на нивното ново оружје е 100 километри.

– Силите на отпорот употребија нов тип на ракета Фади-3 за да извршат напад на Шимшон (Самсон), логистичкиот центар на непријателските трупи – пишува во објавата што ја пренесува иранската државна агенција Мехр.

Либанската агенција Ал Мајадин наведува дека целта на Фади-3 била база за далечинско контролирано оружје на израелската армија, која се наоѓа на околу 35 километри од либанската граница.

https://x.com/_Syed_Husain_/status/1838633842443456589?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1838633842443456589%7Ctwgr%5Eacfbf8fd96debe86913521528d7d19000e38a043%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F9446413%2Fhezbolah-po-prvi-put-lansirao-iz-libana-na-izrael-novu-raketu-fadi-3-dometa-100-kilometara

Се наведува дека Хезболах истрелал низа ракети врз израелската населба Рош Пина и со десетици проектили ги бомбардирал главните складишта на израелската армија на северот на земјата, лоцирани во базата Нимра.

Хезболах рече дека ги спроведува овие операции за поддршка на „пркосниот палестински народ во Појасот Газа и нивниот храбар отпор“, како и за одбрана на Либан и неговиот народ.

Израелските медиуми објавија дека четири ракети паднале во Рош Пин, каде што неколку луѓе се ранети и оштетена е инфраструктурата, како и дека ракети на Хезболах го погодиле и градот Кирјат Биалик.

Во претходните денови Хезболах при нападите на територијата на Израел ги користеше ракетите Фади-1 и Фади-2, кои имаат помал дострел од 60 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ХЕЗБОЛАХ ПРВ ПАТ ГО НАПАДНА ИЗРАЕЛ…

Хезболах за прв пат ја искористи најновата…

ДПИ ќе казнува за ненамалени цени и…

Трговците што на основните прехранбени производи кои…

Началникот на Генералштабот на Војската на Србија…

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на…

„Господ ќе ме помилува“: Захарова за потенцијална…

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи,…

Израел го турка регионот во отворена војна…

Во заедничка изјава објавена денеска шефовите на…