Објавено на:

Херцог: Русија и Израел ја продолжуваат соработката во многу области

t

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека му е мило што руските власти ги ставиле под контрола немирите на аеродромот во Махачкала и повика на обновување на летовите меѓу Израел и Русија.
Според претседателот на Израел, станува збор за антисемитски протести кои биле испровоцирани.
Тие предизвикаа шок и голема загриженост“, изјави Херцог за Велт.


„Мило ми е што руските власти интервенираа и ја презедоа контролата“, додаде тој.


Херцог истакна дека Израел и Русија одржуваат односи во многу области, така што летовите меѓу земјите треба да продолжат.


Немири во Дагестан


Во неделата група жители на Махачкала влегле на аеродромската писта по слетувањето на авионот од Тел Авив. Беше објавено дека тие што пробиле веројатно ги барале пристигнатите израелски државјани. Почнале нереди, а на лице место пристигнала и полицијата.
Муфтијата на Дагестан Ахмад Абдулаев изјави дека акцијата насочена против Евреите е погрешна и ги повика сонародниците да останат смирени.


Набрзо регионалните власти соопштија дека ситуацијата е под контрола, а сите кои учествувале во немирите се отстранети од аеродромот кој беше привремено затворен.
Како што соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт, привременото затворање на аеродромот ќе трае приближно до 31 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc

Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…