Објавено на:

Хил: На 2 мај во Брисел ќе се разговара за Заедница на српски општини во Косово

t

Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил изјави дека смета дека на претстојните разговори во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел најверојатно ќе се разговара за предлогот за формирање Заедница на српски општини во Република Косово.

„ Како што споменав претходно, договорите што беа потпишани во присуство на многу сериозни луѓе од меѓународната заедница мора да се спроведат“, рече Хил одговарајќи на прашање на новинарите по американскиот Конференција на Стопанската комора во Србија (AmCham) во Белград.

Тој додаде дека смета оти дијалогот добил нов замав.

„Мислам дека има план за 2 мај и многу е јасно дека ќе биде претставен. Се надевам дека ќе се постигне одржлив напредок кога станува збор за дијалогот“, рече Хил.

Тој вели дека улогата на САД и меѓународната заедница е да го забрзаат спроведувањето на Бриселскиот договор кој беше потпишан во 2013 година, а клучниот дел, првите шест точки кои се однесуваат на ЗСО, се уште не е имплементиран.

Хил изјави дека луѓето во српските области на Косово и Метохија мора „да разберат каде е нивната иднина, а тоа секако ќе биде овозможено со формирањето на Заедницата на српските општини“.

Тој не сакаше да ги коментира резултатите од изборите што вчера се одржаа во четири општини на северот на Република Косово и додаде дека американската амбасада во Приштина објавила официјално соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…