Хил: Охридскиот договор не подразбира признавање, туку нормализација на односите меѓу Косово и Србија

t

Охридскиот договор не подразбира признавање, туку нормализација на односите меѓу Косово и Србија, изјави американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил.
Хил во интервју за Бујановачко вели дека Србија исполнила добар дел од тој договор, а најважно што останува е да се најде начин за пристап на Косово до различни меѓународни организации.

Од друга страна, како што нагласи амбасадорот, Србија има право на Заедницата на српските општини.

„Во Косово тие го гледаат ЗСО како еден вид Република Српска во Босна и Херцеговина, но ЗСО нема никаква сличност со Босна и Херцеговина. Сепак, секој има право на свое мислење, но не и на извртување на фактите. Србија и Србите во Косово прво се грижат за образованието и за здравството и преку ЗСО имаат право на тоа“, рече Хил.

Тој нагласи дека смислата на Охридскиот договор е „нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

„Дека луѓето, додека ги минуваат контролните пунктови на граничните премини, не размислуваат за политика, туку за зголемување на квалитетот на својот живот“, посочи Хил.

Тој нагласи дека верува во нормализација бидејќи, како што нагласи, „се е можно ако луѓето сакаат да разговараат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…