Хил: Предлозите се на маса, да се постигне договор меѓу Косово и Србија што побрзо

t

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека предлогот за нормализација на односите „е на маса веќе подолго време“ и дека Белград и Приштина треба што поскоро да постигнат договор за нормализација на односите.

„Гледате, многу се случуваат во светот и мислам дека во однос на дијалогот, договорот треба да биде како што рече (Мирослав) Лајчак – што е можно поскоро. Знаеме дека елементите на договорот се на маса Тие имаат врска со општините на Заедницата на Срби, имаат врска со поголемиот обем на интернализација што го бара Косово“, рече Хил.

„Значи, сè е прилично јасно. За овие елементи се разговараше долго време, но тие беа особено нагласени за време на состанокот во Охрид. Навистина е време да се забрза и да се придвижи напред“, им рече Хил на новинарите на прашањето дали САД и ЕУ поставиле крајниот рок за постигнување договор меѓу Белград и Приштина.

Амбасадорот Хил на барање на новинарите не сакаше да ја коментира изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера изјави дека Приштина мора да ја формира ЗСО, а Белград да прифати де факто независност на Косово.

„Само ќе кажам дека од моја гледна точка, станува збор за конкретни елементи кои се на маса и за кои веруваме дека се договорени од двете страни. Најголемиот елемент и најважен за Србија е, се разбира, формирањето на ЗСО. Има некои други елементи и тие се однесуваат на желбата на Косово за поголема интернационализација“, рече Хил, пренесува Танјуг.

„Сите овие елементи мора да се дефинираат со одредена прецизност, за да нема недоразбирања кога ќе преминете во фазата на имплементација“, рече американскиот амбасадор, кој смета дека не треба да се поставува прашањето што треба да се направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…