Химната да има два текста, предлага Ибрахими од партијата на Гаши – еден за Македонците, еден за Албанците

t

Претседателот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, смета дека заедно со промената на државниот грб, треба да се смени и државната химна, а тој предлага Македонија да биде првата земја во светот која ќе има химна со два текста, едниот за Македонците, а другиот за Албанците.

Ибрахими, кој го наследи собранискиот спикер Африм Гаши како претседател на Алтернатива, вели дека „во интерес на внатрешната кохезија“, химната „треба да ги претставува сите заедници кои живеат во Северна Македонија“.

Според него, ова би можело да се постигне на неколку начини: Првиот е да има химна со два текста за Македонците и Албанците, вториот е химна „со еден текст што ќе ги вклучи сите ентитети“, а третиот – химна без никаков текст.

„Еден од начините е химна без текст или да се направи друг текст кој ќе биде без етнички идентитет или каде што ќе бидат вклучени сите други етникуми и ќе може да се пее на кој било јазик од која било етничка припадност. Македонците, Албанците, Турците и другите можат да ја пеат на својот јазик. Постои уште една опција текстот да се адаптира и да биде погоден за сите други етникуми. За нас Албанците, мелодијата на химната не е толку проблематична, колку што е текстот на химната. Во духот на државната кохезија и во духот на добрата волја во Северна Македонија, мислам дека е во интерес на државата прашањето за химната да се дискутира во пакетот за грбот. Дали може да има два текста за химната? Не е исклучено ниту, каде Албанците ќе можат да имаат свој текст на химната”, рече Ибрахими во емисијата „Дијалог кај Лајм“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Химната да има два текста, предлага Ибрахими…

Претседателот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, смета…

Македонската химна полни 83 години

Македонската државна химна „Денес над Македонија“ ноќва…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…

(Видео) НОВ СКАНДАЛ: „Тирана, Скопје и Приштина„…

УЕФА покрена истрага против Албанската Фудбалска Федерација,…

(Видео) За разлика од македонските навивачи што…

Црногорските навивачи во Подгорица аплаудираа на српската…