Хирургот Александар Савевски ќе биде носител на советничката листата на СДСМ во Центар

t

Докторот Алекдандар Алек Савевски ќе ја носи советничката листа на СДСМ во Центар. Информацијата преку неговиот фејсбук профил со заедничко видео ја објави кандидатот за градоначалник во Центар и актуелен прв човек во оваа општина. Савевски не е член на СДСМ и како што велат од тимот на Герасимовски токму тоа што е независен е неговата предност. Планот на  Герасимовски бил и на  советничкста листа да има предлози кои не се дел од партиската база. Алек Савевски е специјалист по ортопедија, субспецијалист траумотолог  на универзитетската  клиника за ортопески болести и доцент на медицинскиот факултет.

Лидерот на СДСМ неделава ја потврди и новинарката  Катерина Цаневска како носителка на листата на СДСМ за градот Скопје. Цаневска беше дел од односите за јавност на поранешниот претседател Стево Пендаровски, како и дел од општина Центар во времето на Андреј Жерновски. Новинарската кариера ја помина во МТВ и А1 ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хирургот Александар Савевски ќе биде носител на…

Докторот Алекдандар Алек Савевски ќе ја носи советничката…

СДСМ бара одговорност од Јаневска затоа што…

Министерката за образование Весна Јаневска, по неколкунеделните…

Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да…

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се…

СДСМ бара зголемување на 160 денари за…

„Власта ги излажа студентите, СДСМ бара зголемување…

Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе…

„Македонија е заглавена. Државата тапка во место,…