Ховениер: Беше чест да се биде амбасадор во Косово

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го додели орденот „Ибрахим Ругова“ на амбасадорот на САД во заминување, Џефри Ховениер, по што рече дека за него е привилегија да служи на Косово.
Ховениер рече дека е почестен и благодарен за наградата.

„Длабока чест и благодарност што вчеравечер претседателот Вјоса Османи ми го додели Претседателскиот орден „Ибрахим Ругова“. Тоа многу ми значи и претставува заедничка работа и посветеност на сите кои беа дел од овој напор за обезбедување мир и стабилност на Косово и за унапредување на нашата заедничка визија за суверена, демократска и мултиетничка земја. Беше голема привилегија да служам како американски амбасадор овде во Косово“, рече Ховениер, како што објави американската амбасада во Косово на својот Фејсбук профил.

Претседателката Вјоса Османи објави видео од церемонијата, велејќи дека Ховениер „бил повеќе од амбасадор на Косово“.

„Тој беше со нас кога луѓето во Косово беа жртви на грозоморни злосторства, беше со нас кога известуваше за масакрот во Рачак, беше со нас кога ги поставувавме темелите на нашата независна држава и беше со нас во текот на минатата година во одбрана на независноста, суверенитетот и нераскинливиот сојуз со САД. Благодарам амбасадоре Ховениер“, напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ховениер: Беше чест да се биде амбасадор…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му го…

Курти: Во Србија има повеќе Албанци, отколку…

Курти во интервју за ТВ Хајат изјави…

КФОР ги зајакна безбедносните мерки за заштита…

По нападот на каналот во Зубин Поток,…

Курти: Ќе обзнаниме колку странски актери се…

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека истрагата…

Американскиот амбасадор: Поддршка за косовските власти во…

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, по…