Холандија е пред формирање на влада преку десна коалиција
Во Холандија е можно формирање на владина коалиција на партиите десно од центарот, што би ги вклучувала екстремно десничарската Партија за слобода (ПВВ), конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), конзервативниот Нов социјален договор (НСЦ) и десното популистичко Движење Земјоделци-граѓани (БББ), изјави Роналд Пластерик, кој беше овластен од претседателката на холандскиот Претставнички дом, Вера Бергкамп да ги истражи можностите за формирање нова влада на земјата.
„Известувачот“ Пластерик, сепак призна дека „помирувањето“ меѓу ПВВ, која оствари неочекувано убедлива победа на изборите минатиот месец, и НСЦ нема да биде лесно, имајќи предвид дека лидерот на Новиот социјален договор, Питер Омцигт изрази резерви во врска со одредени предлози на Партијата за слобода на Герт Вилдерс.
– Неопходно е да се формира Влада, земјата мора некој да ја води, изјави Пластерик за холандската државна телевизија НОС.
Според него, четирите партии, потенцијални владини партнери, прво ќе мора да се усогласат околу тоа кои од нивните заложби се во согласност со Уставот, па дури потоа да разговараат за други прашања од евентуалната програма на нивната влада.
Вилдерс, честопати нарекуван и „холандски Доналд Трамп“, е познат по своите антиисламски, антиимигрантски и анти-ЕУ ставови. Тој организираше „конкурси“ за карикатури на пророкот Мухамед и се самопромовираше како човек со „мисија за запирање на исламската инвазија на Западот“.
Сепак, во последните настапи во текот на изборната кампањата, Вилдерс делумно ретерираше во екстремистичките позиции, изјавувајќи дека е подготвен да ги „замрзне“ своите антиисламски и антимигрантски ставови со цел да учествува во Владата, бидејќи Холанѓаните имаат „поголеми проблеми од борбата против напливот на баратели на азил и имигранти“, како што се зголемените трошоци за живот, здравствената заштита и безбедноста.
Лидерката на ВВД, Дилан Јешилѓоз-Зегериус, која има курдско-турско потекло и е родена во Анкара, во текот на изборната кампања не ја исклучи можноста за коалицирање со партијата на Вилдерс, но под услов тој да не биде премиер. По изборите таа изјави и дека не би сакала Холандија да има лидер кој „нема да ги обединува сите Холанѓани“.
Омцигт во текот на кампањата ја исклучуваше можноста за коалицирање со Вилдерс, поради неговите, како што ги нарече, „антиуставни планови“ за забрана на исламските верски училишта, џамиите и Куранот. Меѓутоа, по изборите Омцигт делумно ретерираше во својот став, велејќи дека НСЦ е отворена за коалициска соработка, бидејќи изборните резултати „ќе бараат од политичарите да ги погазат сопствените изјави“.
Евентуалната коалицијата на ПВВ, ВВД, НСЦ и БББ би имала 88 мандати или 12 повеќе од неопходното мнозинство од 76 пратеници во 150-члениот Долен дом на холандскиот Парламент.
Пластерик, претходно информираше дека е исклучена можноста за формирање на владина коалиција на партиите од левиот и десниот центар, која би била предводена од „вицешампионот“ на изборите, левоцентристичкиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс и во која би биле вклучени ВВД, НСЦ и социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66). Оваа коалиција би имала 78 пратеници.
Во текот на кампањата, Омцигт предлагаше формирање влада на партиите „десно од центарот“, но без Партијата на слободата, но таквата коалиција би имала 63 пратеници или 13 помалку од потребните за парламентарно мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…