Хорор близу Софија: Пронајдени закопани тела на најмалку седум лица
Тела на седум постари лица се пронајдени во шума во близина на гробишта крај бугарскиот главен град Софија, соопшти денеска локалната полиција.
Полицијата соопшти дека првичната истрага покажува дека тие луѓе, чии тела биле закопани во шума, најверојатно починале од природна смрт, јавија локалните медиуми.
Според нив, истрагата за околу 50 лица укажува дека биле погребани како дел од илегална шема за погреби.
За случајот е приведен 51-годишен маж кој е обвинет за измама. Властите веруваат дека тој бил дел од поголема група и дека може да се откријат повеќе тела.
Полицијата тврди дека тоа лице земало тела од домови за нега на стари лица, наводно за кремирање, и наместо тоа ги закопувал во шума блиску до гробиштата.
За случајот започна предистражна постапка, вклучително и ДНК тестови. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…
Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…
Денес во Министерството за надворешни работи на…