ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Тинејџер избодел дете (8) со нож, па се самозапалил

t

Германски тинејџер (16) со нож повредил осумгодишен ученик од трето одделение во Бишофсверд. По нападот, 16-годишникот се самозапалил.

Алармот го активирал наставник околу 9:40 часот. Според информациите на БИЛД, млад човек вооружен со нож трчал по зградата на основното училиште во Кирхштрасе и тешко повредил едно дете (8). Основните и средните училишта се наоѓаат едно до друго во Кирхштрасе.

Полициски единици упаднаа во основното училиште и ја опколија областа. Учениците се донесени на безбедно, а училниците се обезбедени.

Момчето (8) е повредено и пренесено на клиника. Според информации на БИЛД, ученикот од трето одделение бил тешко повреден, но неговиот живот не бил во опасност. Неговата состојба е стабилна.

Други повредени ученици нема. Според моменталната состојба, полицијата претпоставува дека сторителот дејствувал сам.

Како што пренесуваат медиумите, момчето кое се самозапалило е префрлено во болница, но не се знае неговата состојба.

Засега нема информации за можен мотив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…