Хорор во Кичево: 28-годишник нападнал ученици, вработени во училишта, случајни минувачи и полицаец
На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево.
На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет.
Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…