Хорор во Македонија: Родители си го продале детето – Обвинениja против три лица за трговија со деца, силување и родосквернавење
По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица.
Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување.
Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак.
По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…
По информациите во јавноста дека на Институтот…