Хорор во Ниш: Жена и мало дете искасани од кучиња

Жена од Ниш (52) и дете (4) синоќа преживеале вистинска агонија кога биле нападнати и мавани од кучиња во селото Каменица кај Ниш, дознава српски Курир.
Страшните сцени се случиле околу 22 часот, а се уште не се знае дали животните биле сопственост или напуштени. Од Итната медицинска помош утрово потврдија дека жената и детето се повредени.
– Добивме повик од село Каменица во 21:55 часот. Жената се здобила со повреди на рацете и нозете, а детето има повреди на раката – ни рекоа во Итната помош.
Засега не се знае дали и како жената и детето се поврзани, а двајцата се пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш на детални прегледи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деканката Јовановиќ излезе од болница: „Вучиќ го…
Деканка Наталија Јовановиќ, која денес беше нападната…
Дачиќ: Повеќе луѓе се повредени во Ниш-две…
Потпретседателот на Владата и Министер за внатрешни…
13 ГОДИНИ НЕМАМ ПОЧУВСТВУВАНО ВАКОВ БЕС- Вучиќ…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи…
Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако…
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…
Приведена поранешната градоначалничка на Ниш, Драгана Сотировски
Поранешната градоначалничка на Ниш, Драгана Сотировски, денеска…