Хорор во Северна Каролина: Пукано во автобус, едно лице загина, бројот на повредени се’ уште е непознат
Едно лице загина во пукање во автобус во американската сојузна држава Северна Калифорнија, а неколку се повредени, по што напаѓачот е уапсен на блискиот пазар Волмарт, соопшти локалната полиција.
Полицијата примила повик околу 19.30 часот во средата навечер по локално време дека некој бил застрелан во автобус во малиот град Оровил, северно од Сакраменто, се вели во соопштението на шерифот на округот Бут, пренесе АП.
Замениците на шерифот и полицијата во Оровил на местото на несреќата пронашле неколку лица со прострелни рани, додека едно лице починало на местото на пукањето, иако била направена обид за реанимација.
Напаѓачот извесно време бил во бегство, но полицијата го открила во „Волмарт“ и го уапсила, додале локалните власти, пренесува Танјуг.
Засега не е познато колку луѓе биле погодени од огнено оружје, иако градоначалникот на Оровил малку порано на „Фејсбук“ напиша дека пет лица се повредени.
Детали за пукањето, мотивот, се уште не се објавени.
https://nypost.com/2022/02/03/california-greyhound-bus-shooting-leaves-one-dead-several-injured/?utm_medium=SocialFlow&utm_campaign=SocialFlow&utm_source=NYPTwitter
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП
Автобус се запали во скопската населба Бутел…
Мицкоски за „Ал Џезира“: Не е точно…
Не се согласувам со вашата констатација дека…
Aвтобус удри во женa во Илинден: Со…
Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје…
Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без ,,Северна“
На собраниската седница, пратеникот од Левица, Борислав…
Името „северна“ Македонија го има пет пати…
Во поднесокот на имињата на новите министри…