Објавено на:

Хорор во Црна Гора: Домар во училиште злоставувал малолетна ученичка

t

Четириесет и седумгодишниот Н.М. е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал малолетничка од училиштето каде што работи како домар, соопшти црногорската полиција, наведувајќи само дека станува збор за училиште на северот на државата.

Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ во соработка со службениците на Секторот за гранична полиција го спречија обидот за бегство на осомничениот (47), го пронајдоа и го приведоа во службените простории, се наведува во соопштението на Полициската управа, пренесува Вијести.

Се додава дека мажот е лишен од слобода по наредба на Вишото државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност.

Тој е осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во јуни и септември 2022 година, како и на 19 мај годинава во просториите на училиштето во кое чуварот работел а девојчето била ученичка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Куманово: Татко ја силувал малолетната…

Жител на кумановско село e пријавен во…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Ужас во Скопје: Малолетник силувал 14-годишник

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз…

(Видео) Ученици учат во училиште без кров…

Ученици учат во училиште без кров во…

Албански државјанин се обидел да силува жена…

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична…