Хорор на свадба: Младенците го прекинале првиот танц поради крв, кога невестата ја кренала венчаницата останала без зборови

t

„Танцував на подиумот кога свекрва ми ме зграпчи и ми рече: „Дојди со мене“, раскажува невестата

Сонот на Австралијката Медлин Вајс да има совршена венчавка беше срушен веќе на првиот танц со избраникот на нејзиното срце.

Венчавката од соништата заврши со првиот танц, а она што може да се види на видеото кое тогаш е создадено изненади многумина.

„Ова го откривме под мојот фустан неколку минути по нашиот прв танц…“, напиша таа додека камерата ја сними нејзината крвава венчаница.

Изгледаше дека Медлин крвари од ногата бидејќи на фотографијата се гледа марамче над нејзиното колено.

„Тоа е пијавица! Секогаш нешто тргнува наопаку баш на вашата свадба, нели?”, напиша таа.

Подоцна објасни дека пронашла уште две пијавици – една под нејзините стапала и една во близина на колената – за кои се сомневала дека ѝ ја цицале крвта дури три часа.

Набрзо даде објаснување:

„Сигурно се закачиле додека се фотографиравме. Отидовме во природа, каде имаше кал и висока трева и мислам дека таму се закачиле. Играв на подиумот кога свекрва ми ме зграпчи и ми рече: „Дојди со мене.“ Отидовме во тоалет, таму ми го крена фустанот и ми покажа крв. Мислев дека сум добила менструација и потоа ми ги покажа пијавиците!“, го опиша Медлин настанот кој за малку ќе ѝ ја уништи свадбата.

Еве како изгледаше тоа:

@filmudzepu

Za 20 evra bi ga mnogo lakše prepoznao. 😂 #jovanbelobrkovic #srpskiglumci #tunel

♬ original sound – filmudzepu

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПУКАЛ НА СВАДБА СО ПИШТОЛОТ НА ТАТКО…

На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници…

Касами: Албанците немаат крв за пролевање за…

„Не, Албанците немаат крв за пролевање, за…

Поминаа повеќе од десет години откако најдобриот…

Хорор на свадба: Младенците го прекинале првиот…

„Танцував на подиумот кога свекрва ми ме…

Хорор свадба во Узбекистан: Затруени се 53…

На свадба во регионот Бухара во Узбекистан…