Објавено на:

Хорор свадба во Узбекистан: Затруени се 53 лица од кои 13 деца

t

На свадба во регионот Бухара во Узбекистан отруени се 53 лица, меѓу кои 13 деца, соопшти денеска прес-службата на регионалното Министерство за здравство. Болниците во регионите Бухара и Вабкент рано утринава почнаа да примаат луѓе кои се пожалија на болки во стомакот, повраќање и слабост, пренесе РИА Новости.

Во болница се пријавиле вкупно 53 лица, меѓу кои 13 деца, сите биле гости на свадбата“, се вели во пораката објавена на регионалниот канал Телеграм.

Како што соопшти прес-службата, итно биле повикани сите вработени лекари, како и специјалисти од регионалната инфективна болница да дојдат во болниците.

На сите пациенти им била дијагностицирана „акутна дијареа, болки во желудникот предизвикани од труење со храна“ и им била дадена инфузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две малолетнички се степале на свадба во…

На 16.11.2024 во 08.50 часот во СВР…

„Српска крвава свадба“: Младоженец со пушка ранил…

Младоженец од српското гратче Тител, во Војводина,…

Гаши бил главна ѕвезда на свадбата –…

На социјалните мрежи се уште се појавуваат…

Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…

Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…

ПУКАЛ НА СВАДБА СО ПИШТОЛОТ НА ТАТКО…

На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници…