Хороскоп: Овните ќе постигнат одлични резултати, лавовите да не слушаат туѓи совети
Хороскоп за 10.02.2022:
ОВЕН (21. III – 19. IV)
Четврток, 17 Февруари 2022
Денес ќе имате нов почеток кој ќе ви даде нова смисла на животот. Бидете дисциплинирани и стремете се да бидете најдобри. Ќе посигнете одлични резултати ако верувате со себе.
Обидете се да не ги сфаќате премногу сериозно туѓите зборови. Нема вистина во секоја шега, понекогаш луѓето само сакаат да ве насмеат.
БИК (20. IV – 20. V)
Четврток, 17 Февруари 2022
Очекувате некој повик или информација, но нема да го добиете во очекуваното време. Денес можни се доцнења и пробиени рокови, па обидете се да ги насочите вашите мисли кон други нешта за да не си создавате нервоза.
Односите со драг пријател повторно ќе започнат да ви се затоплуваат. Одделете си време за доооолги разговори.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Четврток, 17 Февруари 2022
Одбијте ги сите понуди кои вклучуваат инвестирање на пари. Денес нема да бидете добри во носењето финансиски одлуки. Подобро е да си одделите доволно време за да се консултирате со стручни лица и да ги слушнете советите на вашите блиски.
Крајот на денот ќе ви го насочи фокусот кон домот и семејството. Покажете им ја вашата љубов на најмилите.
РАК (21. VI – 22. VII)
Четврток, 17 Февруари 2022
Повлечете се накратко од светот и насочете се кон себе. Денес ќе имате потреба да поминете време насамо за да се справите со негативните емоции кои ви се трупаа во изминатите денови. Хранете го вашиот ум само со позитивни вести и гледајте како ви се менуваат мислите.
Ако планирате да излезете од дома, мудро избирајте го друштвото. Не дозволувајте некој да го уништува она кое вие го градите.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Четврток, 17 Февруари 2022
Не можете да донесете одлука и се потпирате на туѓите совети? Немојте! Денес планетите ве советуваат сами да го изберете патот кој ќе одите. Само така ќе стигнете до среќата.
Слушнете го вашиот внатрешен глас и следете го срцето. Никој друг не може да знае што е она што ви е потребно освен вие самите.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Четврток, 17 Февруари 2022
Ако во изминатиот период одреден проблем ви изгледаше нерешлив, денес повторно навратете се на него. Ќе пронајдете решение и ќе имате неверојатен напредок. Коцките правилно ќе се наредат пред вашите очи.
Не брзајте да дадете одговор на секое прашање што ќе ви биде поставено. Можни се грешки доколку брзате.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Четврток, 17 Февруари 2022
Некој не ви ја кажува целата вистина, па денес потребно е да внимавате на кого му верувате. Понекогаш зад наивниот изглед се крие личност со задни намери. Слушајте внимателно за да не ги пропуштите предупредувачките знаци.
Ако ви недостасуваат ресурси за да ги реализирате вашите планови, обединете се со истомисленици. Заедно ќе бидете посилни.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Четврток, 17 Февруари 2022
Привлечност која сте ја чувствувале во изминатиот период ќе станува сè поголема и поголема. Денес нема да можете да ги игнорирате вашите романтични чувства. Колку и да си мислите дека сте вешти во прикривањето на љубовта, вашите постапки ќе ве издаваат.
Ако сте во врска, партнерот ќе ви даде неодолив предлог. Ви претстојат слатки моменти во кои треба максимално да уживате.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Четврток, 17 Февруари 2022
Денес ќе копнеете по забава. Избегнувајте ги монотоните и здодевни активности, бидејќи ќе бидете несреќни додека ги извршувате. Нема да можете да го скротите авантуристот во вас, па насочете се кон новитети.
Нештата на љубовен план ќе започнат да се подобруваат вечерва. Нешто што сте го посакувале ќе стане реалност.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Четврток, 17 Февруари 2022
Станувате сè посвесни за вашата вредност. Денес ќе ги туркате подалеку од себе сите оние што ве потценувале во изминатиот период. Опкружете се со личности кои ве прифаќаат и не се обидуваат да ве променат.
Јарците кои се во врска со погрешна личност, сега ќе започнат да го сфаќаат тоа и нема да се плашат да направат чекори за да ја променат ситуацијата.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Четврток, 17 Февруари 2022
Неочекувана случка ќе ве одведе надвор од вашите рутини и ќе си поигра со вашите планови. Денес подобро е спонтано да се движите низ денот и да очекувате изненадувања.
Вашите таленти најдобро ќе блеснат за време на тимски активности. Кажете им ДА на групните проекти и соработувајте со колегите.
РИБИ (19. II – 20. III)
Четврток, 17 Февруари 2022
Вашата силна интуиција ќе ви помогне да ги пронајдете најдобрите можности за напредок во кариерата. Следете го вашиот внатрешен глас. Ќе бидете на вистинското место во вистинското време.
Во животот на некои риби ќе влезе влијателна личност која ќе им одржи важни лекции. Слушајте ги внимателно поискусните и учете од нивното искуство.
Извор: Фемина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дневен хороскоп за 27 јуни
Овен Една информација ќе ја промени вашата…
Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…
Овен Вашата деловна страна овојпат може да…
Хороскоп: Девицата ќе подобри финансиска ситуација, на…
ОВЕН Овој период ви дава можност да…
Многу се позитивни но сепак имаат една…
Има неколку интересни факти за луѓето родени…
Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)
Овен Работа: Овој период ќе го означи…