Хороскоп: Раковите планираат патување, некои девици ќе добијат предлог за брак
ОВЕН (21. III – 19. IV)
Петок, 18 Февруари 2022
Одморете се! Денес Сонцето ќе премине во вашиот сектор на лекувањето и завршетоците, намалувајќи ја вашата енергија. Можно е да се чувствувате поспано и да имате потреба почесто да правите пауза при работењето.
Претстојните месец дена искористете ги за да ги наполните батериите, за да стекнете подобри навики на спиење и да си ја исчистите душата од негативни чувства.
БИК (20. IV – 20. V)
Петок, 18 Февруари 2022
Денес Сонцето ќе ги насочи своите зраци кон вашиот сектор на групните активности, будејќи го пријателот во вас. Нема да можете да ги одбиете поканите за средби со вашето друштво и ќе бидете ѕвезда на секоја забава. Луѓето ќе знаат дека можат да се потпрат на вас.
Во претстојниот период можно е да започне да ве привлекува ваш пријател или некој што сте го запознале онлајн.
БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Петок, 18 Февруари 2022
Посакувате лидерска позиција, унапредување, подобри услови за работа или зголемување на платата? Тоа ќе ви се оствари во претстојните месец дена додека Сонцето патува во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање. Ќе бидете број еден на работното место.
Во љубовта, барајте личност која ќе ве почитува и ќе има потенцијал за долга врска. Воопшто нема да ги сакате љубовните експерименти и ќе играте на сигурно.
РАК (21. VI – 22. VII)
Петок, 18 Февруари 2022
Веќе планирате да отпатувате некаде за Осми март? Само напред, полн погодок! Денес Сонцето ќе премине во вашата 9-та куќа на безгрижноста и далечните дестинации, охрабрувајќи ве да започнете да ја планирате вашата следна авантура.
Оставете ја пандемијата зад себе, време е да се вратите во нормала во љубовта. Започнете повторно да се состанувате и уживајте во флертувањето без задршки.
ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Петок, 18 Февруари 2022
Денес Сонцето ќе се пресели во вашата 8-ма куќа на силните чувства и интимноста, носејќи ви моменти за паметење во партнерот. Месецот на љубовта само што започна за вас, искористете го максимално.
Ако сте соло, ќе се заљубите во некој кој штотуку сте го запознале. Силни чувства инстантно ќе ве обземат, па тешко ќе можете да престанете да мислите на таа личност.
ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Петок, 18 Февруари 2022
Зборувајте за љубов! Денес Сонцето ќе премине во вашиот сектор на сериозните партнерства, па воопшто нема да ви пречи да се обврзете на вечна љубов. Некои парови ќе добијат предлог за брак, а други ќе започнат да живеат со партнерот.
Соло сте? Ќе им кажете збогум на несреќните љубовни поглавја кога ќе запознаете специјална личност во претстојните месец дена.
ВАГА (23. IX – 22. X)
Петок, 18 Февруари 2022
Телото кое сакате да го имате ова лето, треба да започнете да го создавате сега. Денес Сонцето ќе премине во вашиот сектор на здравјето и фитнесот, давајќи ви ја неопходната мотивација да започнете да тренирате дома или во фитнес сала.
Перфекционизмот колку што ќе ви помага, толку и ќе ви одмага во претстојните месец дена. Можно е да имате нереалистични очекувања од себе и од другите.
ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Петок, 18 Февруари 2022
Почестете се со омилениот парфем, купете си ја слатката чанта која ја меркате на изгледот, почестете се во луксузен ресторан… Денес Сонцето започнува патување во вашиот сектор на задоволствата, па максимално ќе уживате во задоволствата кои ви ги нуди животот.
Претстојните месец дена се како создадени за флерт и романтика. Можно е да се заљубите во некој со џентлменски манири.
СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Петок, 18 Февруари 2022
Денес Сонцето започнува патување во вашата 4-та куќа на домот и семејството. По секоја цена ќе сакате да ги заштитите вашите најмили, но внимавајте да не им создавате преголем притисок да бидат како вас. Дајте им ја потребната слобода.
Некои парови во овој период ќе започнат да живеат заедно или ќе се преселат на нова адреса, додека други ќе откријат дека ќе станат родители.
ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Петок, 18 Февруари 2022
Време е за дружби, за разговори до доцна во ноќта и за обновување на пријателствата. Денес Сонцето започнува патување во вашата 3-та куќа на комуникацијата, правејќи ве дружељубиви, зборлести и полни со оптимизам.
Ширете го вашиот друштвен радиус и не се плашете да пуштите нови личности во вашето срце.
ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Петок, 18 Февруари 2022
Крај на вашата роденденска сезона, почеток на најпродуктивниот период од годината. Денес Сонцето ќе започне патување во вашата 2-ра куќа на работата и парите, носејќи ви нови можности за заработка. Бидете дисциплинирани и ќе ги остварите многу соништа.
Во претстојните месец дена ќе се радувате со зголемената сума на банкарската сметка. Сепак, тоа не значи дека треба веднаш да ја потрошите вашата заштеда.
РИБИ (19. II – 20. III)
Петок, 18 Февруари 2022
Нарачајте си голема торта! Започнува вашата роденденска сезона и најубавиот период од годината за вас. Сонцето денес ќе премине во вашиот знак, охрабрувајќи ве да се ставите себеси на прво место.
Тргнете на мисија за остварување на вашите соништа и не дозволувајте никој да ви застане на патот. Верувајте во себе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дневен хороскоп за 27 јуни
Овен Една информација ќе ја промени вашата…
Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…
Овен Вашата деловна страна овојпат може да…
Хороскоп: Девицата ќе подобри финансиска ситуација, на…
ОВЕН Овој период ви дава можност да…
Многу се позитивни но сепак имаат една…
Има неколку интересни факти за луѓето родени…
Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)
Овен Работа: Овој период ќе го означи…