Хоспитализирана мајката на убиениот тинејџер од Прилеп: Институциите не реагираа на време, го оставија слободен таков каков што е и ни го уби детето
Маријана Димова, мајка на Александар (14) од Сенокос, Прилеп, кој беше свирепо убиен со десет убоди од нож на 29-ти февруари годинава, веќе четири дена е хоспитализирана во прилепската болница, откако по траумата која ја доживеа, здравјето нагло и се влошило. За ,,Фокус” вели дека не може да се помири со загубата на син и, и психички сосема паднала.
-Животот на сите дома ни се уништи од корен. Немав повеќе сили да издржам, потклекнав и завршив во болница во саботата. Дома остана сопругот со трите малолетни деца, не знаеме како ќе продолжиме напред.
Јас бев единствената од семејството која оди на работа, вработена сум во фабрика во близина на Прилеп, и немам сили да се вратам на работа по она кое ни се случи. Се задолживме за да го погребаме Александар, дојдовме до ситуација да молиме за донации за да ги вратиме долговите, но и за да му подигнеме надгробна плоча каква што заслужува. Сето ова е како еден лош сон од кој не можеме да се разбудиме – вели Маријана.
Појаснува дека 16-годишното момче кое е во притвор, осомничено за убиството на син и, ќе си продолжи со животот, додека за нив повеќе нема ниту мир, ниту среќа. Прашува зошто институциите дозволиле тој да биде на слобода, да не биде згрижен во соодветна институција, кога одамна се знаело дека е проблематична личност и во минатото во повеќе наврати бил насилен со други деца, а исто така и во јануари нападнал 60-годишен маж со нож, за време на верскиот празник Коледе.
-Го оставија таков каков што е, слободно да живее, и ете на крај му пресуди на моето дете. Син ми никој не може да го врати, но бараме правда и одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…