Објавено на:

Хоспитализираните малолетници во стабилна состојба

t

Се подобрува здравствената состојба на четворицата малолетници кои во бессознание и со повреди по телото беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија. Уапсен е 40-годишниот сопственик на куќата во Скопје во која беа пронајдени двете момчиња и двете девојчиња кои според првичните информации од докторите консумирале психоактивни супстанции. Обвинителството работи на случајот.

Четворицата малолетници кои беа хоспитализрани на Клиниката за токсикологија се во подобрена здравствена состојба. Првиот човек на клиниката Чибишев вели двете момчиња и двете девојчиња на возраст од 14 до 17 години се стабилни, со витални параметри, свесни се, комуницираат со докторите, примаат терапија и во тек се клинички иследувања. Анализите од токсиколошката лабораторија не докажале присуство на алкохол во крвта на децата, туку психоактивни супстанции.

Чибишев објаснува кога со возила на Итната медицинска помош двете момчиња и двете девојчиња биле донесени на клиниката, биле во тешка здравствена состојба, некои од нив и во живото загрозувачка, затоа биле повикани повеќе лекари и конзилијарно се следи нивната состојба.

Додека лекарите се бореле да ги спасат малолетниците, приведен е 40-годишниот скопјанец Д.Ѓ. во чија куќа биле пронајдени децата, информираа од МВР.

Надлежните институции работат на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…