Хоти: Некој нека ја разјасни изјавата на Фон дер Лајен!
Пратеникот на ДСК, Авдулах Хоти, посочувајќи дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со своите изјави за обврските на Косово и Србија потсетила на договореното на почетокот на годинава, побара од косовскиот премиер и претседател Албин Курти и Вјоса Османи да ја појасни таа изјава или ако не е вистина ја демантираат.
На Фејсбук, Хоти побара изјавата на Фон дер Лајен дека „Србија де факто мора да го признае Косово како независна држава, а Косово да дозволи автономија на етничките Срби на северот на Косово“, да ја разјаснат Курти и Османи.
Тој додаде дека доколку тоа не е точно, Курти и Османи веднаш да демантираат.
„Еве на што се договорија Курти и Османи на почетокот на оваа година. Доколку тоа што го изјави Урсула фон дер Лајен не е точно, премиерот и претседателот на Косово мора веднаш да го демантираат. Ваша должност е да излезете и да му објасните граѓаните“, напиша Хоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…