Хоџа: Нема судири за функции во рамките на АА во ВЛЕН – одложен процесот за избор на директор на АЕК

t

Процесот за избор на нов директор на Агенцијата за електронски комуникации е одложен за неколку дена, а конечната одлука се очекува да биде соопштена следната недела. Според Комисијата задолжена за процесот на селекција, на објавениот конкурс аплицирале вкупно девет кандидати. Еден од нив не ги исполнил утврдените критериуми, додека друг не се појавил на интервју.

Во трка остануваат 7 лица, од кои како најсериозен кандидат се споменува Арменд Дестани, кој по професија е ИТ-инженер и има работено и во Владата.

Изборот на директор на АЕК се шпекулираше дека довело до несогласувања во рамките на фракцијата на Алијансата за Албанците, која е дел од коалицијата ВЛЕН, поради тоа што Арбен Фетаи, Азир Алиу и Мимоза Муса го посакуваат ова место за свои кандидати. Но, Албрим Хоџа ги отфрла таквите тврдења. Според него, нема судири во рамките на Алијансата за Албанците во коалицијата ВЛЕН во врска со именувањето на директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

„Гласините дека има судири во рамките на АШ за функции се целосно невистинити и неосновани. Ние ја претставуваме автентичната визија на Алијансата за Албанците во рамките на коалицијата ВЛЕН и никогаш не сме дозволиле, ниту ќе дозволиме, да ги компромитираме нашите принципи или институционалниот интегритет.“, вели Албрим Хоџа, портпарол на ВЛЕН.

Хоџа уверува дека процесот за избор на директор на АЕК се одвива врз основа на професионални критериуми и во согласност со законските процедури.

„Процесите на избор на раководители на регулаторните институции, вклучително и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), се одвиваат целосно транспарентно, исклучиво врз основа на професионални критериуми и во согласност со законските процедури. Одлуките не се диктирани од лични или партиски преференции, туку од стандарди што обезбедуваат независност и интегритет на институциите. Затоа, категорично и без никаква резерва ги отфрламе сите спинови, лажни вести или обиди да се создаде перцепција дека АШ или ВЛЕН како целина се вклучени во ‘борба за функции’“, вели Хоџа.

Според објавениот оглас, од кандидатите се бара, покрај соодветното образование, да имаат најмалку 5 години работно искуство во областа на електронските комуникации и да поседуваат најмалку еден меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик, кој не смее да биде постар од 5 години. Процесот се следи со зголемен интерес од јавноста, имајќи предвид дека позицијата директор на АЕК има стратешко значење. Агенцијата има важна улога во регулирањето на телекомуникацискиот пазар, надзорот на операторите и обезбедувањето фер конкуренција, како и во заштитата на интересите на граѓаните и компаниите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоџа: Нема судири за функции во рамките…

Процесот за избор на нов директор на…

20-годишен возач прегази пешак – ова се…

Синоќа околу 20:55 часот во Дебар, на…

ТЕЛМА ОТКРИВА: Еве за колку убиства се…

Росанка Трајковска живее со нејзиниот син Јовица…

Измени во законот за извршување – синдикатите…

Повторно се подготвуваат измените на Законот за…

Во Скопје стигна до 3000 евра за…

Странските инвестициски фондови кои на големо купуваат…