Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветен на 28 септември
Во недела, на 28 септември, ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје.
Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот.
Од МПЦ-ОА ги покануваат верниците да земат литургиско учество во овој свечен настан.
Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот…
Во недела, на 28 септември, ќе биде…
Филипче: По седум години раст на платите…
Ова власт секој ден покажува и докажува…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот
Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска.…
Погледнете какво време нѐ очекува денес
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи…
Драма над Балтикот: Унгарски „Грипени“ пресретнаа пет…
Два унгарски ловци „Грипен“, кои учествуваат во…