Храна што бебињата не треба да ја јадат
Експертите сметаат дека треба да заборавиме на сите оние табели и списоци на храна со кои генерации мајки почнувале да ги хранат своите бебиња.
Табелите веќе не се релевантни, бидејќи е докажано дека нема храна што треба да се дава прва, односно нема упатство што ќе каже – дали се јаболка и моркови или не, бебето прво да го вкуси месото. Така е денес затоа што нутриционистите сфатија дека бебињата во различни делови на светот започнуваат со различна храна, па очигледно е дека списокот во една земја е поинаков отколку во друга.
Со овој факт, мајките денес треба да здивнат и едноставно да му дадат на бебето речиси сè што јадат родителите. Секако, во почетокот тоа треба да биде каша без никакви додатоци, значи, не јадење што се готви за целото семејство, но кога е во прашање изборот на храна, знајте дека не е важно дали ќе биде морков или јајце.
Сепак, иако денес е дозволено речиси сѐ, има храна која е забранета, некоја до првиот, а некоја дури и до вториот роденден.
Затоа, ви носиме список за да запомните сѐ што не смеете да му дадете на вашето бебе и да се опуштите при изборот на храна, не според старите списоци и табели, туку она што моментално се нуди во сезонската табела.
Она што не смеете да им го давате е следново: шеќер, мед (до вториот роденден), агруми (до првиот роденден), сол, сурово и недоволно варено месо, риба, зеленчук, јаткасти плодови (алергени кои можете да почнете да ги давате малку по малку, но мелени), кравјо млеко (до првиот роденден).
Она што останува на сила е начинот на кој бебињата се навикнуваат на цврстата храна. Воведувањето на секоја нова храна треба да биде постепено, по малку, во комбинација со веќе испробаните вкусови, за да може бебето што подобро да се навикне на новите вкусови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре нестабилно време со пороен дожд и…
До крајот на денов сончево и топло…
Учебната година ќе започне на 2 септември,…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска…
19-годишниот Мухамед по потекло од Македонија пред…
Австриската полиција објави дека еден од уапсените…
БРАВО! Македонската теквондистка Рељиќ ја победи двократната…
Македонската теквондистка Милјана Рељиќ приреди голема сензација…
Гостиварец измамил правно лице од велешко за…
На 07.08.2024 во 17.00 часот во СВР…