Хрватите во Македонија сакаат да влезат во Уставот, сметаат дека така ќе го зачуваат идентитетот

t

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство во Скопје на средбата со претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ, пренесува „Индекс“.

На официјалната средба со Јандроковиќ во Хрватската амбасада во Скопје, македонските Хрвати ја пренесоа својата посветеност за негување на хрватскиот јазик, историја и наследство, но и укажаа на предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението од хрватското Собрание.

„На Јандроковиќ им беа посочени предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Тој им рече дека парламентот работи на промовирање на хрватското наследство во Северна Македонија.

Предвидено е Јандроковиќ утре да се сретне и со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, а потоа и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

„Претседателот на Собранието ќе има говор и на свечената седница на македонското Собрание. Тој ќе биде примен и од Хрватскиот деловен клуб, кој ги собра претставниците на хрватските компании кои работат во Македонија“, соопштуваат од хрватскиот Парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватите во Македонија сакаат да влезат во…

Хрватите во Македонија ќе имаат корист од…

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува…

„Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Гаши: Промена на Уставот што побргу, но…

Новиот спикер на Собранието Африм Гаши вели…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…