Објавено на:

Хрватската полиција протера српски министер од Јасеновац

t

На министерот во Владата на Србија задолжен за односи со дијаспората, Ѓорѓе Милиќевиќ денеска му беше забрането да положи цвеќе и да запали свеќа на споменикот на жртвите од усташкиот логор Јасеновац, по што беше протеран од таму.

Министерот Милиќевиќ на нивна покана беше во работна посета на Србите во околината на Новска.

– По средбите со претставниците на Србите од локалното културно-уметничко друштво и руралните локални заедници, министерот и неговите соработници се упатија кон меморијалниот парк во Јасеновац, со цел да им оддадат почит на убиените Срби во злогласниот логор на НДХ, се наведува во соопштението од кабинетот на Милиќевиќ.

Но, на самиот влез во спомен-комплексот комбето во кое се наоѓаше министерот беше запрено од хрватски полицајци кои го опколија возилото на министерот со три свои автомобили.

Според соопштенеито, полицаецот, кој не се претставил, наредил комбето со министерот и неговите соработници веднаш да го напушти Јасеновац.

– Свртете го возилото и веднаш упатете се кон граничниот премин Бајаково, без застанување на територијата на Република Хрватска, нагласил овој полицаец, додавајќи дека „има наредба од врвот“, се вели во соопштението.

Министерот Милиќевиќ потоа излегол од комбето и побарал само да го фотографира спомен-комплексот, при што бил опкружен од неколку полицајци кои го повториле барањето, придружуван од нив веднаш да тргне на граничниот премин со Србија, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…

Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…

Овој дел од лубеницата е корисен за…

Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…

(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…

Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…

Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…

Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…

iPhone 17 Air ќе има батерија од…

Веќе подолго време се знае дека iPhone…