Објавено на:

Хрватска е подготвена да го користи еврото?

t

Хрватска ги исполнува критериумите за конвергенција и Европската комисија заклучи дека е подготвена да стане 20-та членка на еврозоната од 1 јануари 2023 година.

-Честитки за Хрватска! Денеска Хрватска направи значаен чекор кон усвојување на еврото, нашата заедничка валута. Помалку од една деценија по пристапувањето во ЕУ, Хрватска сега е подготвена да се приклучи на еврото на 1 јануари-рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека влезот во еврозоната ќе ја направи хрватската економија посилна, ќе донесе придобивки за граѓаните, компаниите и општеството воопшто, а еврото исто така ќе стане посилно со влезот на Хрватска во еврозоната.

Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија објавија извештај за конвергенција, оценувајќи го напредокот на земјите-членки во исполнувањето на критериумите за да го прифатат еврото. Извештајот опфаќа седум земји – Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска. Данска има трајно ослободување од обврската за прифаќање на еврото и не е опфатена со извештајот.

ЕЦБ и ЕК подготвуваат комплементарни двегодишни извештаи кои ја формираат основата за одлуката на Советот за тоа дали една земја се квалификува за еврото. Истовремено со објавувањето на Извештајот за конвергенција, Комисијата објави и предлог за Одлука на Советот и предлог за Регулатива за пристапување на Хрватска во еврозоната.

-Во светло на проценката на Комисијата и земајќи ги предвид дополнителните фактори релевантни за економската интеграција и конвергенција, вклучително и развојот на платниот биланс и интеграцијата на стоките, трудот и финансиските пазари, Комисијата смета дека Хрватска е подобна за еврото-наведе извршното тело на Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…