Хрватска за изјавата на Орбан дека на Унгарија ѝ е “одземено морето”: Осудуваме територијални претензии
Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска ја осуди изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека на Унгарија и е „одземено морето“.
„Хрватска ја осудува изјавата на премиерот на Унгарија, Орбан. Ние, исто така, ги осудуваме сите територијални претензии кон други суверени држави“, соопшти Министерството.
Поради изјавата на Орбан, на разговор е поканет и унгарскиот амбасадор во Хрватска, а се наведува и се додава дека хрватскиот амбасадор во Унгарија побарал разговор во надлежното министерство очекувајќи „објаснување на таквите изјави кои непотребно ги нарушуваат добрососедските односи“ меѓу двете земји.
Според порталот „Политико“, Орбан неодамна изјавил дека „Унгарија ќе имала пристаниште доколку не ѝ го одзеле морето“, што се однесува на јадранскиот брег.
„Оние кои имаат море и пристаништа можат да носат нафта на танкери. Ако тие (морето) не ни го земеа, ќе имавме пристаниште“, изјавли Орбан за унгарското државно радио.
Во позадина на изјавата на Орбан е неговото противење на воведувањето ембарго на ЕУ за руската нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…