Хрватска и Србија одиграа според планот и со бодови одат во следната фаза
Ракометното Светско првенство дојде до крајот на групната фаза, а со тоа се комплетираше костурот за групите во главната рунда. Во последното трето коло според планот одиграа балканските тимови Хрватска и Србија.
„Каубоите“ со леснотија се справија со Мароко и ја запишаа втората победа (36-24), со што ќе пренесат два бода во следната фаза. Мароканците тргнаа одлично, поведоа и парираа во првото полувреме, се одржуваа во игра, за потоа да им се случи „распад“. Лука Циндриќ диригираше, постигна девет погодоци за Хрватите и ги водеше до оваа победа.
Сигурен триумф запишаа и Србите, на мечот со Катар (24-34). Така, во директната битка се изборија за да прејдат во главната групна фаза со бодови. Избраниците на Џерона се наметнаа од стартот, поведоа и се одлепија, за рутинска победа.
Изненадувања немаше ниту на последниот меч, во кој Тунис иако тргна храбро и водеше против Данска, убедливо загуби (21-34) од фаворитот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…