Хрватска набавува нови Леопарди, старите тенкови ги испраќа во Украина

t

Хрватска планира да набави 50 нови германски тенкови Леопард 2А8, објави Индекс.хр. Како што наведува медиумот хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ и германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во Берлин треба да потпишат писмо со намери што ќе го означи првиот чекор во оваа набавка.

Германија ја покани Хрватска да се приклучи на заедничката програма за набавка на главниот борбен тенк Леопард 2А8, најмодерната верзија произведена од Рајнметал, водечки европски производител на оружје.

Според достапните информации, моделот за набавка предвидува Хрватска при првата испорака да испрати во Украина 30 тенкови М-84 и 30 пешадиски борбени возила М-80 од своите резерви, вклучувајќи резервни делови и муниција.

За парите што Украина би ги дала за тие тенкови и возила, би се намалил вкупниот трошок за набавка на нови Леопард 2А8 за Хрватска.

Хрватската армија во моментов има околу 70 добро одржувани тенкови М-84. Замената на овие постари тенкови, произведени за време на поранешната држава, со новиот Леопард 2А8 се смета за клучна за модернизацијата на хрватските вооружени сили.

Владата до средината на ноември треба да донесе формална одлука за повеќегодишното финансирање на овој проект. Тогаш треба да се знае конечната цена на набавката на Леопард и другите детали околу купувањето, пишува Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Наместо на одмор, младите Босанци одат на…

Значително повисоките плати за истата работа, но…

Дедо-монструм, кој ги силувал внуците оставени кај…

77-годишен маж чиј идентитет не се открива…

Хрватска ја враќа воената служба

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ денес…