Објавено на:

Хрватска со рекорди бројки на инфлација: Стоките и услугите за лична потрошувачка зголемени за 10,8 отсто

t

Највисоко поскапување има кај цените за транспорт, за 19 отсто, потоа храната и безалкохолните пијалоци со пораст од 15,2 отсто, а рестораните и хотелските услуги со 12,1 отсто.

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка во Хрватска во мај годинава се зголемени за 10,8 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, соопшти Централниот завод за статистика (ЦБС), што е нова највисока стапка на инфлација од водење на статистиката, пренесува Хина.

Инфлацијата продолжи да се забрзува и во мај, а досега највисока годишна стапка на инфлација во Хрватска е забележана во април, кога изнесуваше 9,4 отсто. Пред април 2022 година, инфлацијата беше највисока во јули 2008 година, кога беше 8,4 отсто.

На месечно ниво растат и цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, кои во мај се во просек за 1,4 отсто повисоки од април, додека цените во просек се повисоки за 5,4 отсто на годишно ниво, според статистичкиот извештај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Благ пораст на инфлацијата во Еврозоната

Благиот пораст на инфлацијата во еврозоната, на…

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера…

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…

Цела Црна Гора и БиХ, како и…

Земјите од регионот се уште се под…