Хрватска ѝ дава голема парична помош на Украина
Владата на Република Хрватска донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција, со придонес од пет милиони евра.
„Хрватската Влада денеска одржа телефонска седница на која донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција на високо ниво за Украина, во коорганизација на Владата на Полска, Владата на Кралството Шведска и на претседателот на Европскиот совет, со учество на потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, со придонес од 5.000.000 евра“, соопшти владината Канцеларија за односи со јавноста. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Хрватка се претставувала како директорка на банка,…
51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…