Хрватскиот министер за одбрана: НАТО нема да дозволи ситуацијата на Балканот да се развива како пред 30 години

По повод безбедносната ситуација во регионот, хрватскиот министер за одбрана Иван Анусиќ изјави дека внимателно ја следи политичката ситуација во Босна и Херцеговина, Србија и Косово и го изрази своето верување дека НАТО нема да дозволи ситуацијата да се развива како што беше пред 30 години.
“Со големо внимание ги следиме сите политички настани не само во БиХ, туку и во Косово и Србија. Гледаме дека тие се проследени од страна на меѓународните политички и воени сили, како што се НАТО и Обединетите нации”, изјавил Анушиќ за новинарите во Книн.
Тој изразил уверување дека НАТО и меѓународната политика нема да дозволат ситуацијата да се развие како пред 25 или 30 години, но дека “ќе биде контролирана и нема да оди во непожелна насока”.
Кога го прашале новинарите за настаните во БиХ, Анушиќ изјавил дека се надева дека нема да има ескалација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Хрватска и се потребни 70 илјади…
На Хрватска годинава ќе ѝ бидат потребни…
Јандроковиќ: Сочувство од Саборoт и народот на…
Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан…
Подвиг на хрватски лекари – пресадиле пет…
Лекарите од клиничката болница Меркур во Хрватска…
Мицкоски разговарал со Руте, се размислува за…
Премиерот Мицкоски имал разговор со генералниот секретар…
Руте повика на нормализација на односите со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…