Хрватскиот селектор испешачи 120 километри за да се поклони пред мајка Богородица
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, доцна синоќа го заврши три дена долгото патешествие од родниот град Ливно до Меѓугорје во БиХ, во кое заедно со тројца пријатели испешачи 120 километри со цел да се поклони пред статуата на мајка Богородица.
Тој крајот на својот пат го објави на Инстаграм, каде што веднаш доби илјадници допаѓања и стотици коментари со честитки, а меѓу првите беше поранешниот репрезентативец на „коцкестите“, Иван Класниќ.
Далиќ е првиот хрватски „изборник“ кој ја одвел оваа селекција на три големи натпреварувања. На овој пат тој тргна набрзо откако на „коцкестите“ им го донесе првиот пласман на фајналфор-турнирот во Лигата на нации.
извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…