Христовото воскресение го одбележаа и Македонците во Брисел
Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.
Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.
Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.
Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург.
И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…
(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…
Во најавената епизода на „На кавга со…