ХУМАНА МАКЕДОНИЈА: Бескрајна благодарност од семејството на Кико – На сите им праќаме прегратки и бакнежи

t

Откако стигна информацијата дека се собрани парите за лекувањето на младиот Кико во Турција, се огласија од неговото семејство. Се заблагодарија за поддршката и пренесоа дека Кико на сите им праќа прегратки и бакнежи.

– Бескрајно сме ви бладорарни на сите знајни, незнајни, на фамилија, друштво на сите вас што бевте со нас. На сите што дадовте се од себе за Кико. Бескрајно сме благодарни на Стефан Лазаров за целата иницијатива за лекувањето и донации за Кико. Во ниту еден миг не не остави ниту нас ниту Кико, со секој повик, порака и посета му даваше сила да издржи, да се бори и да не се откажува. Нема oткажување никако! Бескрајно сме ви благодарни што се молевте за Кико. Бескрајно сме благодарни и на целиот медициски персонал во Штип и Скопје што дадоа се од себе за Кико. Бескрајно сме ви благодарни на сите вас што споделувавте на социјалните мрежи и што дониравте на сметки, броеви, на сите вас што се организиравте на секаков начин да собереме средства за Кико. Кико знае дека сите се обединивте за него, цела Македонија и дијаспора заедно за Кико. На сите ви праќа гушки, бакнежи, сите ве сака. Молете се за Кико се да биде добро, убаво и да е среќен. Борбата продолжува Кико е најголемиот борец ќе се избориме сите заедно – објави семејството на Кико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Лазаров: Никој не го уби Кико,…

Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил…

Меџити: До Министерството и Фондот за здравство…

Министерот за здравство, Фатмир Меџити соопшти дека…

Добра вест: По критичната вечер Кико е…

Јутјуберот Стефан Лазаров сподели добра вест, по…

ХУМАНА МАКЕДОНИЈА: Бескрајна благодарност од семејството на…

Откако стигна информацијата дека се собрани парите…

(Галерија) Одговорна младина: УМС ја спроведува акцијата…

Младинските политички организации неуморно и нескромно ја…