Хјуман рајтс воч ја повикува Монголија да го уапси Путин или да му забрани влез
Организацијата „Human Rights Watch“ (Хјуман рајтс воч) ја повика Монголија или да одбие влез или да го уапси рускиот претседател Владимир Путин, кој треба да ја посети земјата на 3 септември.
Путин е баран од Меѓународниот кривичен суд, на кој Монголија му се приклучи во 2003 година, за нелегална депортација и нелегално пренесување на деца од окупираните територии на Украина во Русија.
„Монголија ќе им пркоси на нејзините меѓународни обврски како членка на Мeѓународниот кривичен суд доколку дозволи Путин да ја посети без да го уапси“, рече Марија Елена Вињоли, висок советник за меѓународно право во ХРВ, во соопштението за печатот објавено на 2 септември.
Кремљ на 30 август соопшти дека „нема грижи“ за патувањето, додавајќи дека Русија имала „прекрасен дијалог со пријателите од Монголија“.
На почетокот на август, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го отфрли барањето на Украина за апсење на рускиот претседател Владимир Путин доколку присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шејнбаум на 1 октомври. Барањето за апсење го испратила украинската амбасада во Мексико.
Амбасадата во соопштението на 7 август рече дека Киев е „уверен дека мексиканската влада ќе ја исполни“ меѓународната потерница по Путин, повикувајќи се на онаа издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во март 2023 година за наводни воени злосторства.
МКС бара апсење на Путин и Марија Лвова-Белова, комесарка на Москва за правата на децата, под обвинение за воени злосторства поврзани со илегалната депортација на украински деца, заедно со нелегалното пренесување на луѓе во Русија од Украина од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година.
Судот наведе дека Путин и Лвова-Белова се обвинети дека „вршеле дела директно, заедно со други и/или преку други“.
Исто така, судот смета дека Путин „не вршел соодветна контрола над цивилните и воените подредени кои извршиле дела или дозволиле нивно извршување и кои биле под негова ефективна власт и контрола, во согласност со одговорноста на претпоставениот“.
Кремљ ги отфрла обвинувањата за присилна депортација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…