Хoспитализирани уште три деца, АХВ спроведува вонредни контроли во девет училишта во Kарпош
Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од основното училиште Димо Хаџи Димов од скопско Влае. Синоќа во детската клиника во Скопје биле примени нови 3 ученици со слични симптоми како останатите дијареа, повраќање и покачена телесна температура.
Првичните епидемиолошки анализи покажуваат дека станува збор за труење – смета директорот Мемеди. Од Институтот за јавно здравје пак, велат дека анализите од земените мостри кои ќе бидат готови утре ќе кажат дали станува збор за труење или нешто сосема друго.
Директорката на Институтот Андонова вели дека земени се примероци од храна, млеко, мусли, мусака со месо и кроасан, вода од повеќе чешми како и брисеви од училниците и кујната.
Симптоматично е што дел учениците со здравствени тегоби воопшто и не ја користеле кујната.
Од Училиштетото „Димо Хаџи Димов“ велат дека денеска немало знаци на труење кај учениците. Во поголем дел од се оддржувало настава. Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски апелираше да не се злоупотребува настанот за ширење паника. Стомачни тегоби деновиве вели имам и јас.
Вчера над 40 ученици од училиштетот Димо Хаџи Димов во скопско Влае се пожалија на стомачни тегоби и дијареа. Меѓу нив и синот на премиерот Христијан Мицковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хoспитализирани уште три деца, АХВ спроведува вонредни…
Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од…
Орбан: Ако Унгарија има нафта, ќе има…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Суботица…
Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање…
Ќе плаќаме поскапа струја? ЕСМ на „ЕВН…
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична…
Герасимовски: Владата мора да интервенира пред Водно…
Поради превенција за активирање на свлечиштето на…