Царината заплени ракија, маслиново масло и планински чај на „Блато”

t

Царинската управа информира дека вчера на граничниот премин Блато на влез во државата, царинските службеници спречиле обид за нелегално внесување на непријавени производи кои се наоѓале во патничко моторно возило со дански регистарски таблички.

По извршена контрола на возилото кое се пријавило како празно, а лицето К.С. не дозволувало да се изврши преглед во багажот и задниот дел пронајдени се 59 литри маслиново масло во 4 канти, 19 литри бела домашна ракија во 8 шишиња и 7,5 килограми планински чај спакуван во 21 најлонска ќеса.

Вредноста на привремено задржаната стока изнесува 28.560 денари, додека вредноста на избегнатите давачки изнесува 11.873 денари, а против лицето е поведена соодветна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

Царина заплени 30 илјади евра на ГП…

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија…

Запленети се 7.800 евра кои македонски државјанин…

Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија…

Царина заплени 22 часовници вредни 272 илјади…

Запленети се 22 часовници вредни 272 илјади…

Се намалува ценaта на бензините и на…

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на…