Царинската управа спречи шверц на 516 делови за камиони и едно АТВ возило
Вкупно 516 различни делови за камиони и едно АТВ возило се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица и на царинска испостава Струмица.
Обидот за нелегален внес на делови за камиони е откриен од страна на царинските службеници на влез на граничниот премин Богородица. Возачот на камионот, против кој е поднесена прекршочна постапка, се обидел да ги прошверцува деловите за камиони, криејќи ги во различни делови на возилото. За време на контролата, во внатрешноста на задните седишта, под и помеѓу седиштата, и во багажникот кај резервната гума се пронајдени вкупно 516 различни делови за камиони, информираат од Царинската управа.
Меѓу непријавените делови, како што посочуваат, се комплети плочки за кочење, лед фарови, задни штопови, цилиндри за сопирачки, стакла за фар, сетови кумплуг, разни светлосни обележувачи за приколки, како и други делови.
Во друг случај на царинска испостава Струмица е запленето едно АТВ возило, кое е откриено од страна на царинските службеници при контрола на стока пријавена за увозно царинење.
Возилото кое не е опфатено со увозната декларација е задржано, а против увозникот е поведена прекршочна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…