Царински инспектори следеле сомнителна пратка до Гостивар, ѝ влегле дома на студентка од Турција
При претрес на стан во Гостивар, во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција, инспектори од Одделението за истраги пронајдоа психотропни супстанци – метилендиоксиметамфетамин, мефедрон, марихуана и семки од канабис.
Претресот е извршен по налог од надлежното јавно обвинителство, при што се пронајдени шест таблети со вкупна тежина од 0,29 грама метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.
Во текот на предистражната постапка е утврдено дека осомничената студентка примила авионска пратка од Белгија, заведена како „нотес“. Откако ја отворила пратката и ја извадила дрогата, инспекторите веднаш извршиле претрес, по налог на јавен обвинител, при што биле пронајдени забранетите супстанци.
Со наредба на јавниот обвинител, запленетата дрога е испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде е потврден нејзиниот хемиски состав.
Против студентката е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царински инспектори следеле сомнителна пратка до Гостивар,…
При претрес на стан во Гостивар, во…
Обезбедено и санкционирано е лицето кое со…
Обезбедено и санкционирано е лицето кое со…
МВР со детали за тепачката кај „Дукат“…
Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка…
Пронајдени седум мигранти од Египет и Ирак,…
Пронајдени се седум лица мигранти и лишени…
Партија на Турците: Полициски службеници нѐ држеа…
Изборниот караван, предводен од претседателот на Партијата…