„Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа со Македонци сву вселену повлада“ – На денешен ден, во 323 г.п.н.е починал Александар Трети Македонски
Според историските податоци на денешен ден, 10 јуни, во 323 г.п.н.е починал најголемиот војсководец на сите времиња и македонски крал, Александар Трети Македонски.
Александар Трети е син на Филип Втори Македонски и Олимпија, епирска принцеза. Прекарот „Велики“ (лат. MAGNUS), му го дале Римјаните, векови по неговата смрт.
Познато е дека учител на Александар бил еден од најпознатите филозофи во тоа време, Аристотел.
Првиот поход на Александар бил против Мајдите, племе во горниот тек на реката Стримон, кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал. На осумнаесетгодишна возраст учествувал во славната Битка кај Хајронеја, заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на Хелените биле разбиени. По убиството на Филип, Македонското собрание го прогласило за владетел на Македонија. Како македонски крал, неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлат македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат Коринскиот договор, според кој тој ја наследува титулата Хегемон на Хелените. Во 335 г. п.н.е., ги поразил Трибалите и нивните сојузници Гетите и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од Демостен, со центар во Теба. Александар ги поразил Тебанците и ја принудил Атина да го прифати понудениот мировен договор.
Во 334 год. п.н.е., со 40.000 војници го започнал својот поход против Персија и навлегол во Мала Азија преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персиската војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и Ефес, го пречекале како ослободител. Единствено Милет и Халикарнас се спротивставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во 333 г. п.н.е., во Гордион, престолнината на фригиските кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со Азија. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите — основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто Персијците, ја имале цивилната и воената власт, освен во Лидија, каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.
Првата битка со големиот крал (крал на кралевите) Дариј III се случила кај Ис во 333 г. п.н.е., каде што Александар со својата војска победил, а Дариј избегал од бојното поле. Во Феникија ги освоил градовите Тир и Газа. Во Египет бил дочекан како ослободител и бил прогласен за фараон. Во градот Мемфис, египетските свештеници му ја предале двојната круна на египетските фарони. Во 331 г. п.н.е., на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Преку Сирија, навлегол во северна Месопотамија. Во 331 г. п.н.е. во Битката кај Гавгамела извојувал победа против бројна персиска војска. По победата, се прогласил за крал на Азија и влегол во градот Вавилон, еден од главните центри на Персиското Царство. Отаму, продолжил кон срцето на Персија и ја освоил Суза, втората престолнина на персиската држава, а набргу во негови раце се нашол и градот Екбатана. Неговата потера на персискиот крал Дариј завршила во Хекантопил, каде што било пронајдено телото на Дариј Кодоман (бил убиен од персисикиот сатрап Бес). По закопувањето на Дариј, со сите кралски почести, Александар како персиски крал се упатил на север кон Хирканија и Партија, области на југ од Каспиското Море. Во периодот помеѓу 330 — 327 г. п.н.е., Александар престојувал во Бактрија и Согдијана. Во Бактрија во 327 г. п.н.е., се оженил со иранката Роксана, која подоцна го родила неговиот син Александар. Во походот во Индија, кај реката Хидасп во 326 г. п.н.е., Александар ја водел својата последната битка против Пор, кралот на Пенџап. По големата победа над овој индиски владетел, ги присоединил земјите од оваа страна на Инд кон својата империја. На местото на Битката кај Хидасп, Александар го основал градот Никаи (Победа), а во близина подигнал уште еден град, наречен Букефала, во чест на неговиот коњ Букефал. На бреговите на реката Хифаст подигнал дванаесет жртвеници на боговите и столб на кој пишувало: „Овде застанал Александар“.
На врќање од Индија, на брегот на реката Инд, основал нова Александрија, еден од 17-те градови под ова име. На брегот на Индискиот Океан, неговата војска се поделила на два дела, едната под команда на Александар се движела по копно, а другата под команда на Неарх, пловела 80 дена. По враќањето од својот индиски поход, Александар планирал нови походи. Тој наредил да се извршат подготовки за поморско патување околу Арапскиот Полуостров до Картагина и до островите на Херакле (Мелкарт), најстариот теснец меѓу Европа и Африка (денес Гибралтар). Овие планови, пропаднале поради неговата смрт.
Македонскиот народ миланиуми по неговата смрт творел и сѐ уште твори за најголемиот македонски крал и најголемиот војсководец на сите времиња.
Една од најпознатите е песната „Самовила Македонска“ на Ѓорѓија Пулевски, македонски просветител, автор на првата македонска граматика и воен водач, кој во 1878 или 1879 година ја напишал оваа песна на месниот дијалект на кој зборувал.
„САМОВИЛА МАКЕДОНСКА“ во продолжение:
1. Сверх планиње македонских ежедневна темнина.
Дал’ покрила темна могла ил’ темен облак?*
2. Дал’ естество ноќ створило – темно да бидет
В кралевину Македонску од времја оно до века,
3. Та в темнина току се слушат страшен викот, пљускотит?
Громогласен као топовски сам јекот се разносит…
4. Не се знает дал’ е тотон, дали драга или пискање?
Само се слушат велегласно укање…
5. Оно не је темна могла, нито тотон, а ни топови,
Току је тожба самовилска с верх сви планиње.
Плачејешти тожит
6. Самовила македонска встреде местних планиње
Љуто пиштит на Рожденских висови,
7. Та дочула посестрима је Самовила Бистранска,
На верх Меденица, од нависока висина,
8. Та си прашат посестриму Самовилу Рожденску:
-Што љуто пиштиш, посестримо Рожденска?
9. Самовила Рожденска је говорит Бистранске:
-Ако желиш да ти кажем зашто пиштим на Кожув,
10. Ти подвикни на Стоговор Самовиле Стоговске,
Та нека чует Шарпланинска, а и Корабска,
11. А Стоговска нека подвикнет Самовила Илинска
Та Илинска да објавит десно и лево,
12. Нека је викнер Пелистерске, та и Петринске,
За да чујат и Бабунска, а и Момранска.
13. Јас ќа је кажем Добропољске да известит Ничанску,
Да разберат Беласичка и Лазаричка,
14. Беласичка ќа подвикнет кон восточних висови
Да разберет и Перинска, а и Доспатска.
15. Сви одеднош да разберете моја пискот за од што је,
Оту си тожим во стреде чертог в Македонија,
16. Послушајте да ви кажем, посестреми македонских,
Та да изјавим местних несносних неволји:
17. На хилјада осум стотини седумдесет осум лето,
Тога Руси повладаје све отоманство,
18. И Полостров отсвоије, та Цариград опколије,
В Свјати Стефан се сместије и се сложије:
19. Турчин даде свим слобода, а потврди Свободител,
На књажество сви Б’лгари да си владајет.
20. Македонци бога молије: „Поживи ни избавитеља!
Дај му, боже, многолетно дејствие,
21. Оту нас ни ослободи, в Кралевину Македонску,
Да се сједним с еднородних наедно.
22. А Енглиска учини пречка, крена глава – објави бој,
Та никому не препјатствува, токмо само нам,
23. Через нази да ни разделит од наших браќа Б’лгари.
Она се жали велесилам европским
24. За да очуват Отомани – вековити ни мучители,
Та ни остави осужденици назе до века,
25. Да робуваме Сарациним под тирјанско мучитељство,
Кое тога Израиљтјани под Јегиптјаним,
26. Од Јевропа конгрес изиска да нарушит договор
Царскорусиски свјатостефански закључак.
27.Велесили ју послушаје, претставници си избраје,
Та во Берлин ги испратије на општ договор.
28. Јевропски конгрес в Берлин се собра и договор се направи,
Та разорије свјатостефански условија…
29. Ето такво поношение Енглиска учини спроти нас,
Та со това ни досади нам Македонцим.
30. Берлински конгрес трактат направи, а во него написаје,
Меѓу себе се сложије и потврдије:
31. Да се дават равна правост свим христијаним в Туркоју,
Та оделије Македонију на само,
32. Ем сви жители да се истокмат во Турскоју Царевину,
Со равно право да живејат као сви једно,
33. Султан Хамит да царуват над всех токмо отечески.
Без никакво разликување своех жители.
34. Берлински конгрес што написа условија не исполни,
Та полошо ни направи в Македонија.
35. Македонски мајки пиштат, а Јевропу милно мољат:
„О, Јевропо, христијанска, дал’ не слушаш наши плач?
36. О, Јевропо, мила мајко, што ни остави под турски власт?
Слушај днеска как се правит во Македонску:
37. Свијех Славјани македонских комити ги називајет,
Та Македонци свјако коварство денеска сносит под Турци.
38. Злоковарци се нахилиле, та обвинуват Славјани,
Ем што да стретат од дом надвор – ги затворајет,
39. А кои људи не се дават под тирјанско мучитељство
За да спасат свој бедни живот – си разбегаје:
40. Едни бегат воз ормање, други се оклањат в туѓина,
Зато комити ги завивајет свијех Славјани.
41. Сви злотвори воз села шетат за да прават насилство,
Та в чи дом најдат млади – истурчије,
42. В кој дом најдат млади невести – можите им убивајет,
А невестите всех со сила ги обесчастат.
43. Која жена им се не дават беззаконно да ју силуват,
Суштих жени злоделци ги них убивајет,
44. А славјанских свјаштеници за бунтовници ги обвинуват.
Та ги праќа во Хазија в заточаније.
45. Штом злоделци волју исполнат се обраќат на грабежтво,
Све имање разграбије и разнесоје,
46. Сви тамници се преп’лнати со славјанских жители…
Ето право како дават султан Славјаним!
47. Ај ви, вами, велесили, сви христијанских царевиње,
Као си се вије ветихте – слободите ни!
48. Или нами пратите ни христијанског свободитеља
Да ни избавит од азијатског крвника!
49. Насе бедних заступите, од мучитења избавите,
Или дајте ни амнестију да се раселим.
50. Није надежд тољку имахме, прво на бога пак на вас,
Петсто лета под мучитељство еве трпиме.
51. Наши закон дочувахме, некосновени достојахме,
Со блага надежд чекајешти свјату слободу.
52. Еве штом си превзедохте нашеј стране устав правит,
А нази ни в тешка мука всех поставихте,
53. Та днеска во Македонску сви христијани клето пиштат
Од варварских насилникства крвних деиства,
54. Злотворци се разјарије, в коварства се напустије,
Та ни п’дат фамилији наших в Хазија.
55. Чујте, жители македонских! Назе ништо не ни чекат:
От азијатци – насилије, а в туѓина – укорство.
56. Туѓа страна је непријатна, в туѓина ве напорки гледат
И несносних прешебоци свијем ни вељат.
57. Ем в туѓина Македонцим, кому како да му текнет
Све намуртено, свијем лошо ни називајет.
58. Дал’ сте чуле, Македонци, стари људи што говорат:
От Македонци појунаци над них не било-
59. Цар Александер Македонски тристо лета*** пред Христа
со Македонци сву вселену повлада.
60. Наш краљ Филип – Славјанин је, цар Александер – Славјанкин,
Наши баби Славјанки ги родиле.
61. Македонци, сетите се за јунакство македонско,
Та спроти старих вије сега да следувате!
62. Не је страмота овоје искати, ни за жал за своје умрет.
За тоа сега, Македонци, все помјаните,
63. Немој денеска да се пречкате, јазик на јазик да не пизмите,
Сви једноверски сложите се као братија –
64. Брат со брата да се смилите, јазик по вера здружите,
Сви једноверски пријдите во домовину.
65. Турски зулум ни превзели над наша чест македонска,
Јал браните си, ил’ сви до един да изгниме!
66. Род браните от Агарјанци! Сви за еден живот да сложим!****
Зато, јунаци македонски, пробудите се!
67. Похарно је да изгинеме в наша мила татковина,
Отколи оваке да гледаме свјако злотворство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…