Цафери со честитка за православните верници: Да рефлектираме надеж, за да имаме надеж во мир, напредок и благосостојба
Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ со желби за добро здравје, душевен мир и семејна благосостојба.
-Во овој период од годината кога после Новогодишните празници се празнува еден од централните празници на христијанството, Божиќ, се овозможува повторно на сите граѓани кои го слават, меѓутоа и на сите кои се во нивна близина, сограѓаните, соседите, пријателите и соработниците, да ја почувствуваат магијата што ја создава празничната атмосфера. Тоа е уште една прилика да се почувствуваат топлите прегратки, да се видат широки насмевки и да се чујат убави и благородни мисли на взаемна почит, разбирање, сочувство и солидарност а тие се неопходни во овие времиња на предизвик за човештвото и светот воопшто, наведува Џафери во честитката.
Нека Ве водат позитивни мисли, продолжува Џафери, нека бидат повод да правиме добри дела, заедно, и индивидуално.
-Секој гест, колку и да е мал и безначаен, е капка во бранот што не води напред нас и Република Македонија. Само заедно сме силни, само со подадена рака сме значаен фактор и пример за регионот. Да рефлектираме надеж, за да имаме надеж во мир, напредок и благосостојба за сите во иднина. Среќни Божиќни празници!, додава Џафери во честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки…
Неколку илјади деца во повеќе градови денеска…
Прославите за Бадник и Божиќ во Бигорскиот…
Бигорскиот манастир ќе биде домаќин на свечените…
Пет земји во кои е забрането да…
Иако Божиќ во многу делови од светот…
Католиците и дел од православните го слават…
Католичките верници и дел од православните христијани,…
Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…
Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…